Тиквата ја печеме во рерна.
Откако е печена со лажица ја двоиме кората.
Чистената тиква ја пасираме.
На оган во сад врие млекото со шеќерот.
Се трга од оган млекото и постепено се додава тиквата која при пасирањето ја помешавме со медот.
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките.
Жолчките ги матиме со нишестето и ванилата. Пополека додаваме малку од смесата со млекото и промешуваме.
Потоа со непрекинато мешање ги додаваме жолчките во млекото и тиквата.
Непрекинато мешаме додека не ја добиеме потребната густина.
Се префрла во чиничиња за сервирање.
Од белките матиме шам со кој декорираме врз кремот.
Попрскуваме со цимет и декорирам со оревче.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови