Во текстот кој следува, наведени се основните правила и услови за користење на содржините на МоиРецепти™ - Портал за храна и готвење (во понатамошниот текст: портал или МоиРецепти™). Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на порталот. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот.

Постои можност правилата и условите на користење на порталот од одредени причини да се променат. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека се согласувате и со сите евентуални промени.

Порталот го издава и уредува Студио Модерна дооел Скопје (во понатамошниот текст: издавач или Студио Модерна).

За сите нејаснотии и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте ја редакцијата на info@moirecepti.mk

Користењето на материјалите и содржините на МоиРецепти™ е дозволено само за лични потреби.

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:
• објавување, испраќање и размена на содржини со кои се повредуваат македонските закони, вклучувајќи невистинити, навредувачки, злоставувачки, вулгарни, расистички и други содржини кои поттикнуваат омраза, содржини со кои се врши повреда на авторски и сродните права;
• неовластено оддавање на лични податоци на трето лице;
• лажно претставување со цел на закана, манипулација, измама или доведување во заблуда на корисниците и издавачот;
• било какво попречување или оневозможување на користење на порталот на другите корисници;
• свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема;
• неовластено собирање, чување, пренесување и користење на било какви лични податоци на корисниците на порталот;

Доколку при користењето на порталот наидете на содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење, ве молиме да ja известите редакцијата на info@moirecepti.mk

Редакцијата на порталот го задржува правото да ги отстрани, без претходно известување, сите содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење.

ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

За сите нејаснотии и приговори поврзани со правото на интелектуална сопственост, контактирајте ја редакцијата на info@moirecepti.mk

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:
копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините објавени од МоиРецепти™ без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.
Употребата на содржините објавени од корисниците на МоиРецепти™ е во зависност од наведената лиценца од самиот корисник.

РЕКЛАМНИ СОДРЖИНИ
На порталот се објавуваат и рекламни содржини.
Издавачот на порталот ќе се обиде во најголема можна мера да не дозволи огласување забрането со закон, огласување кое го повредува човечкото достоинство, огласување кое може да предизвика душевна или друг вид на штета, неетичко огласување, како и огласување кое ги доведува во заблуда корисниците на порталот.
Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
Издавачот на порталот не гарантира дека порталот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема.

Издавачот на порталот се оградува од одговорност за:
• било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на порталот, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на порталот;
• било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот;
• било каква штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини;
• вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
• било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на порталот.
• вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од други веб-страници;
• било каква штета настаната од содржините преземени од други веб-страници.

Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.

Рекламните содржини објавени на порталот не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин. За сите нејаснотии и приговори поврзани со рекламните содржини, контактирајте ги сопствениците или авторите на рекламните огласи.

ТРГОВСКА МАРКА
„МоиРецепти“ е трговска марка регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост и е во интелектуална сопственост на Студио Модерна дооел Скопје.
Сопственикот на трговската марка, доколку смета дека е потребно, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на трговската марка.