Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Ролат од месо со семки и куркума.

Декоративен ролат од мешано мелено и пилешко месо, во комбинација со зачини и семиња.

Подготовка

Чекор 1: За првиот дел, лебот измелете го и додајте го во месото.

Изблендирајте го кромидот.

Додадете ги зачините, изблендираниот кромид, убаво измешајте ги и оставете ја смесата во фрижидер.

Чекор 2: За подготовка на вториот дел сомелете ги пилешките гради со сецко, па зачинете ги со лук во прав, мешан зачин, сол, бибер и куркума. Додајте го изблендираниот кромид и миксот од семки. Промешајте ја смесата убаво да се соедини.

Чекор 3: Меѓу две најлонски фолии ставете го меленото месо. Со сукало израмнете го да биде еднакво насекаде и формата да е правоаголна. Истото направете го со пилешкото месо и потоа префрлете го над меленото месо. Завиткајте ролат, ставете го во тава и премачкајте го со масло.

Чекор 4: Печете на 180 степени 50 минути.

Почекајте малку да се излади за да пресечете правилни парчиња и сервирајте!

СОВЕТ: Во смесите може да додадете по едно јајце, или пак парченца сланина во смесата од пилешко месо.