Компирот и морковот се варат.
Грашокот се става во цедалка да се одцеди.
Компирот, морковот, кашкавалот и печурките се сецкаат на ситни коцки. Краставичките исто се сецкаат на коцки, Во подлабок сад се става целиот зарзават, се посолува и убаво се меша. Се додава 1 тегла мајонез и се остава салатата да одстои 20 минути пред сервирање се додава и преостанатиот мајонез и се сервира по желба.
Целиот мајонез не се става одеднаш затоа што компирот ќе го впие и салатата ќе биде посува, затоа се додава пред самото сервирање со што се добива покремаста салата.
Ова е голема доза прилагодена за слави и др домашни прослави затоа секој може да ја намали дозата според намената.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела