Лиснати сирењачи
Лиснато со сирење е одличен викенд појадок, кој одлично оди со чаша јогурт или кисело млеко.
Подготовка
1. Квасецот го мешаме со 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно во шоља млеко и го оставаме да се активира.
2. Го замесуваме тестото заедно со сите состојки за тесто, па го делиме на 20 топчиња. Секое топче го расукуваме и го мачкаме со путер кој ни бил на собна температура, па малите кори ги редиме една врз друга, а последната ја оставаме ненамачкана. Ги оставаме да постојат вака околу 20 минути.
За тоа време го подготвуваме филот.
3. Рендаме сирење и кашкавал па го мешеме со кисела павлака и јајце.
4. Расукуваме голема кора со дебелина од 5 мм. Со чаша или калапче за круг сечеме кругови, па на половина од круговите им сечеме прстени со помала чашка.
5. Круговите ги премачкуваме со разматено јајце, па ги ставаме прстените врз нив. Во средината ставаме од филот.
6. Секоја сирењача ја премачкуваме со јајце и посипуваме сусам или ким. Додека да се загрее рерната ги стасуваме.
7. Печеме во загреана рерна на 220 степени.
И кругчињата кои сме ги извадиле од прстените ги премачкуваме со јајце и ги посипуваме со сусам, па ги печеме.
Забелешка
Мене ми отиде околу 550 мл млеко, зависи какво ви е брашното и која големина на јајца ќе употребите.
Путерот ако не е топло во просторијата кај што месиме, може да го разматите и со миксер за да ви биде побрза подготовката.
Остатокот од тестото го спојуваме, расукуваме кора и сечеме форми на долги или кратки стапчиња.
Лиценца: Сите права се задржани