Овој куглоф го подготвив оваа година за учество на етно жена, куглофот е многу вкусен и брзо се приготвува.
Јајцата се матат со кристал шеќерот убаво како за торта. Потоа се додава шеќерот во прав, путерот потоа млекото и на крај брашното помешано со ванилиниот шеќер и пецивото. Се меша се убаво да се соедини и потоа се истура смесата во намрсен куглоф на 200 степени, а при крајот се намалува на 150 степени јас го печев 30тина минути. Се декорира по желба.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови