Куглоф со круши
Ова е стар превкусен рецепт за куглоф, искрено ви препорачувам да го направите.
1. Калапот за куглоф се мачка со путер и се поросува со презла.
2. Путерот се топи.
3. Вода се вари потоа се мери 100 мл.
4. Јајцата и шеќерот се бијат со миксер малку подолго време да дојде кремаста смеса.
5. Се меса во чинија брашно, пециво и ванила шеќер.
6. Се става од се по малце во јајцата и се меша на најбавното дури да се потроши се.
7. Се истура смесата во калапот.
8. Крушите се лупат и се чистат од семките. Се дели 1 круша на 4 делови и се легнуват во калапот, но не се притискат до долу, само малку да ги покрие смесата.
9. Се пече во загреана рерна на 175 степени максимум 30 мин. Ќе проверите со чепкалка за заби. Ако е суво чепкалката, готово е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови