Во сад измешајте ги двата вида брашно, шеќерот и пецивото.
Додајте го со вилушка разматеното јајце.
Промешајте.

Постепено додавајте го млекото и на крај црешите.

Истурете ја смесата во калап за векна(намрснат и посипан со брашно).

Печете на 180 степени, околу 35 минути (или додека убаво се вцрви, а внатре убаво се испече. Затоа проверувајте со чепкалка.)

Испечениот и оладен колач посипете го со шеќер во прав.

Забелешка
Колачов може да биде и посен со тоа што јајцето ќе го замените со малку масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани