Колач со цреши
Моите омилени кексови, летни, лесни тортички. Киселата павлака им дава посебна кревкост и сочност.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата. Се мати смесата до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме маслото и киселата павлака. Убаво соединуваме со шпатула или 2,3 секунди со миксер.
2. Во еден сад ги ставаме исчистените цреши, брашното и пецивото. Соединуваме. Оваа смеса ја додаваме кај претходните состојки. Соединуваме.
3. Смесата ја распоредуваме во калап долгнавест, кој е обложен со хартија за печење.. Печиме околу 35 минути во загреана рерна.
4. Го оставаме колачот на решетка да се излади, наросуваме шеќер во прав прав. Сечиме на парчиња и послужуваме.
Забелешка - По желба за посладок десерт, додадете уште 2 лажици шеќер, се во зависност од блажината на црешите.
Лиценца: Сите права се задржани
Mn vkusen kolac e