Швајцарија
Здраво на сите фанови на оваа прекрасна страница ! Вљубена сум во готвењето одсекогаш, а веројатно проработеа и некои гени во комбинација со огромната носталгија, далеку од дома... Некои од моите претци професионално се занимавале со готвење, прадедо ми имал најубава меана и јадења во Дојран, а мојата баба по мајка ми, во далечните години на минатиот век во Струмица, правела најубави слатки и торти... По професија сум психолог и најискрено се радувам што младите се заинтересираа за готвењето, токму од вакви прекрасни страници... Желбата за креирање рецепти инспирирани пред сé од минатото, споени со опсесивно фотографирање, си го направија своето... Еве ме со ФБ страница „Со љубов, за вас„ и иако не сум професионалец, моите рецепти предизвикаа голем интерес, што е додатна мотивација и поддршка да продолжам... Овде во Швајцарија, постојано ја промовирам македонската кујна на разни настани, а интересот можете да го претпоставите, воодушевени се секогаш... Ме прашуваат каде ми е фабриката, несваќајќи дека една жена може сама да подготви толку многу храна... „Мојата фабрика е во моето срце„, секогаш пресреќна им одговарам... За мене готвењето и оброците се многу важни, на некој начин го чуваат семејството заедно, а домот мириса на среќа...
Рецепти од ivavesna