9
сеп
2012
Ќофтиња од тиквички со интегрално брашно без јајца
Изрендајте ги тиквичките. ( на крупно )
Додадете сол и оставете ги 30 минути.
Истиснете ја водата од тиквичите и додадете го варениот компир, ренданиот морков и биберот.
Во друг сад, измешајте ги брашното и пецивото.
Додадете ги во зеленчуковата смеса.
Направете топчиња.
Оформете ќофтиња и пржете ги во загреана тава додека не поруменат, отприлика по 5 минути од двете страни.
Откако ќе ги оформам во топчиња ќофтињата, ги ставам 30 минути во замрзнувач, а со тоа не впиваат масло и ја задржуваат својата форма.
Пробајте ги, фантастични се иако се без јајце.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
дека нели ни викаат да сме ставале јајце за да се соединело поубаво месото. ај месо, лепливо е, ама тиквичките.... ајм конфјузд :) :) :) :)
мислам дека имаме исти шољички. мене ми ги купи шеќерко. си шетал и ги видел и двајцата сме лудо заљубени во нив :)