Ќофтиња од тиквички со интегрално брашно без јајца
Состојки
- 350 грама=2 млади тиквички
- 1 морков
- 1 компир ( или 2 мали )
- 1/4 чаша интегрално пченично брашно
- 1/2 пакетче пециво
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче црн бибер
Подготовка
Изрендајте ги тиквичките. ( на крупно )
Додадете сол и оставете ги 30 минути.
Истиснете ја водата од тиквичите и додадете го варениот компир, ренданиот морков и биберот.
Во друг сад, измешајте ги брашното и пецивото.
Додадете ги во зеленчуковата смеса.
Направете топчиња.
Оформете ќофтиња и пржете ги во загреана тава додека не поруменат, отприлика по 5 минути од двете страни.
Откако ќе ги оформам во топчиња ќофтињата, ги ставам 30 минути во замрзнувач, а со тоа не впиваат масло и ја задржуваат својата форма.
Пробајте ги, фантастични се иако се без јајце.
Добар апетит!