Ќофте од мелено месо и соја со прелив од доматен сос
За подготовка на ќофтиња од мелено месо и соја најпрво потребно е, во тенџере со вода да се сварат соја трошките. Се вари околу 10-15 минути.
Потоа сојата добро се исцeдува од водата.
Во длабок сад се стават сите состојки потербни за подготовка на ќофтињата, соја, мелено месо, 1 јајце, 3 лажици брашно, 3 главици ситно изрендан кромид, 1 китка сецкан магдонос, 50 мл. зејтин, сол, вегета и црн бибер по вкус.
Оваа смеса добро се измесува и од неа се формират ќофтињата.
Потоа ќофтињата се увалкуват во брашно и се пржат во загреано масло.
Пржените кофтиња се редат на салфетка за да се упие мрснината.
Доматниот сос се приготвува на следниот начин.
Во истото тавче во кое се пржеа ќофтињата се додават 3 лажици брашно и се пржи неколку минути со постојано мешање. Се додава 1 лажица црвен пипер и 500мл топла вода. Повторно се промешува и се додава 300 мл доматно пире. И се остава да крчка 10-15 минути.
Пред да се извади од огнот се додава 1 главица ситно сецкан лук и малку сецкан магдонос.
Јадењето е готово.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани