Ќофте во сос од домати
Подготовка на ќофтето.
Лебот потопете го во вода колку да омекне.Потоа исцедете го, ситно изронете и додадете во месото кое предходно сте ги додале останатите состојки. Смесата убаво измесете ја по потреба додавајте масло да биде мазна. Тоа можете да го испробате обидувајки се да кормирате ќофте од смесата. Измесената смеса ставете ја во фрижидер половина час да одстои. Формирајте ќофтиња и пржете ги во загреено масло и извадете ги во чинија.
Подготовка на сосот.
Во тава ставете го брашното и додадете го маслото колку да можете да го потпржите брашното. Додадете го сосот од домати со малку вода, сами ќе оцените колку вода ќе биде потребно за да може да вари сосот. Додадете го шеќерот и осолете по вкус варете со повремено промешување околу 20 минути, па додадете ги испржените ќовтиња па варете уште 15 минути. Во сосот можете да додадете и малку оригано доколку сакате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови