15
јан
2013
Њоки Ала Дали
Јас користев свежи готови њоки и не ги обарував претходно како вообичаено.
Во тава ставете путер и пржете го свинскиот врат исецкан на коцки. Кога ќе порумени додадете ги њоките и пржете го околу 5 минути. Додадете ги парчињата конзервиран домат, посолете, додадете и малку вода, сецкано лукче, босилок и оригано. Оставете ги така њоките да се обарат и да примат од сосот околу 10 тминути, со повремено мешање на тивок оган. Тргнете ги од оган изрендајте тврд кашкавал и сервирајте ги во чинија. Наросете со пармезан и послужете. Пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови