Љубовни коцки
Започнуваме со подготовка на тестото. Се делат белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер додека да добиеме цврст снег. Во садот со жолчки го додаваме омекнатиот маргарин и шеќер во прав и матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Во добиената смеса со жолчки ги додаваме башното, мелените лешници, пецивото, какаото и изматените белки. Мешаме со лажица додека да добиеме еднолична смеса и ја истураме во плех за печење. Печеме 25-30 минути на 180 степени.
Во меѓувреме се подготвува филот. Во сад на страна се мешаат 150 гр мелени лешници, шеќер во прав, ванилин шеќер и рум.
Испеченото тесто се премачкува со мармаладот од праски и врз него се нанесува смесата со лешници.
Во друг сад на оган се топи 200 гр чоколадо со 4 лажици масло и се истура врз филот од ореви. Се остава колачот да стегне во фрижидер. Потоа се сече на коцки кои по желба се декорираат со изматена шлаг пена
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови