На Љиљана Илиева искрено и балгодарам за овој прекрасен рецепт.
1. Желатинот се става во вода да набубри.
2. Се промешува јогуртот со желатинот на тивок оган додека желатинот не се стопи. Јас, желатинот од кесичка, го ставам директно во јогуртот и мешам на оган додека не се затопли јогуртот. Се трга настрана, се вмешуваат коцкичките од различните продукти, се додава мајонезот, се измешува добро и се истура во модла која предходно е навлажнета со вода.
3. Одкако добро се излади (најмалку после 4 часа), се превртува модлата во чинијата за сервирање и по желба се украсува. Јас ја правам салатата од вечер и така сум сигурна дека добро се стегнала.
Оваа салата не само што многу освежува туку и изгледа извонредно, па е прекрасен украс на масата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани