Јајца Дедо мраз
Прекрасна декорација за новогодишната трпеза, која со изгледот одлично го надополнува амбиентот. Иако со навидум едноставни сосотојки, сепак многу вкусно мезе како прилог.
Подготовка:
1. Сварете ги јајцата и оладете ги. Излупете ги и сечете ги на половина по должина.
2. Извадете им ги жолчките и измешајте ги со мајонезот и павлаката. Додадете малку сол. Можи да користите само еден од наведените производи, но внимавајте смесата да не е премногу течна. Наполнете ги јајцата со лажица и израмнете ја површината.
3. Пиперката исечете ja на парчиња, во вид на благо остри триаголници, кои ќе ги ставите на едниот крај како капа. Од црниот бибер ставете очи, а од зрното калинка носе.
4. Павлаката за декорација ставете ја во најлон ќеса и украсете брада и капата. Јас изумив од брзање, но вие ставете и на ободот, т.е. долниот дел на капата по една бушава линија.
Среќна Нова 2022!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови