5
авг
2019
Јапонски сендвич со салата од јајца
Сварете ги јајцата. Две од нив исечкајте ги на парчиња и ставете ги во сад, заедно со мајонезот, сенфот, рикотата и зачините. Третото исечете го на половина, надолжно.
Тостирајте две лепчиња. На секое лепче намачкајте тенко од салатата. Врз едното, ставете ги двете јајца и покријте ги обилно со преостанатата салата. Затворете го сендвичот и пресечете го на 3 или 4 парчиња, во зависност од големината на лебот.