Штрудла со тиква и јаболка
Миризлива,мека,сочна штрудла со јаболка и тиква. Многу лесно се прави и не одзема многу време.
Се меси мазно средно меко тесто се дели на два дела, се намрсува и се остава да стои околу 30мин. Се рендаат јаболката се цедат убаво, се додава цимет, шеќер презла и ореви. Откако ќе отстои тестото на чаршав се развлекува кора, но не премногу слаба (60Х60) се наросува презла насекаде врз неа, па од филот се распоредува, се прска со стопен путер и со помош на чаршавот се витка во вид на ролат. Се напрскува и одзгора со стопен путер се става во намрсено тавче и се печи на 200 степени околу 30мин. Откако ќе се испечи се премачкува со путер.
На истиот начин се прави и штрудлата со тиква.
Откако убаво ќе се излади се наросува со шеќер во прав
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови