Прво квасецот разматете го со млако млеко и лажичка шеќер. Просеаното брашно ставете го во пластичен сад за месење, посолете додадете го јајцето и жолчката разматени заедно со млакото млеко, растопениот путер, шеќер, мед, кората од лимон и стасаниот квасец. Замесете средно меко тесто кое ќе ви се одлепи од пластичниот сад.Тестото покрите го со стреч хартија и оставете да стаса.
Откако ќе стаса расукајте го во правоаголна форма,премачкајте го со мармалад, посолете ореви, ролувајте и премачкајте со жолчка. Јас од ова тесто подготвив два ролата во правоаголниот силиконски калап за векни, вие може да подготвите еден поголем или два и да ги печете во правоаголен плех од шпоред. Печете 40-50мин. на 180мин.
Кога ќе се излади посолете со шеќер во прав.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани