Штрудла со домашни кори - Тути фрути штрудла
1. Во еден сад се става сувото овошје, се додава румот и малку вода и се остава 2-3 часа.
2. Од состојките за тестото се замесува еластично тесто.
3. Тестото малку се расукува и убаво се намастува и од двете страни, се покрива со најлонска фолија и се остава да одмори 30-40 минути.
4. За тоа време се лупат јаболката и се сечат на тенки кришки, на јаболката се додаваат рехидрираните суви овошја, оревите, циметот и шеќерот, сето убаво се промешува да се соедини.
5. Путерот се става во тавче на оган, се растопува и му се додава презлата, се меша додека презлата не порумени.
6. Откако ќе одмори тестото се растегнува кора врз набрашнет чаршав (чаршавот помага за полесно оформување на штрудлата).
7. Во едниот крај најпрво се става пржената презла, потоа врз презлата се ставаат овошјата и потоа со помош на чаршавот се витка кора.
8. Готовата штрудла се става во тавичка за печење, се премачкува со растопен путер или масло и се става во претходно загреана рерна на 180 степени, се печи 40-50 минути.
9. Откако ќе се испече штрудлата се премачкува повторно со путер или масло и се остава да излади без да се покрива со крпа и на крај обилно се посипува со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови