Испечати

Штрудла со домашни кори - Тути фрути штрудла

Штрудла со домашни кори - Тути фрути штрудла

Состојки

  • Тесто
  • 200 гр. брашно
  • 100 мл. вода
  • 1и1/2 голема лажица масло
  • Прстофат сол
  • Малку оцет
  • Дополнително за намастување
  • 50 мл. масло
  • Полнеж
  • 2 големи јаболка
  • 200 гр. суви сливи
  • 150 гр. суви кајсии
  • 150 гр. суво грозје
  • 150 гр. суви смокви
  • 1-2 големи лажици шеќер
  • 1 мала лажица цимет
  • 70 мл. темен рум
  • 50 гр. ореви
  • Дополнително
  • 4-5 големи лажици презла
  • 1 голема лажица путер
  • 50 гр. шеќер во прав

Подготовка

1. Во еден сад се става сувото овошје, се додава румот и малку вода и се остава 2-3 часа.
2. Од состојките за тестото се замесува еластично тесто.
3. Тестото малку се расукува и убаво се намастува и од двете страни, се покрива со најлонска фолија и се остава да одмори 30-40 минути.
4. За тоа време се лупат јаболката и се сечат на тенки кришки, на јаболката се додаваат рехидрираните суви овошја, оревите, циметот и шеќерот, сето убаво се промешува да се соедини.
5. Путерот се става во тавче на оган, се растопува и му се додава презлата, се меша додека презлата не порумени.
6. Откако ќе одмори тестото се растегнува кора врз набрашнет чаршав (чаршавот помага за полесно оформување на штрудлата).
7. Во едниот крај најпрво се става пржената презла, потоа врз презлата се ставаат овошјата и потоа со помош на чаршавот се витка кора.
8. Готовата штрудла се става во тавичка за печење, се премачкува со растопен путер или масло и се става во претходно загреана рерна на 180 степени, се печи 40-50 минути.
9. Откако ќе се испече штрудлата се премачкува повторно со путер или масло и се остава да излади без да се покрива со крпа и на крај обилно се посипува со шеќер во прав.