Штрудла со афион
Се замесува тесто со стасаниот квасец и се остава да стаса. Тестото е помеко и може да се меси или меса со дрвена лажица. Брзо стасува и потоа се размесува на маса посипана со брашно се развлекува кора и се филува.
Афионот се меле и се меша со шеќерот, па се налева со топлото млеко и се убаво се меша. Одкако ќе се олади се додава и белката да го спои и со овој фил се прамачкува кората, се рола и се реди во плех на печење. Одозгора се премачкува со преостанатата жолчка и стасано се пече.
По желба одозгора може да се нароси со шеќер во прав. Од оваа доза излегува еден ролат, а доколку саката повеќе дуплирајте ја дозата. Мене ми требаше нешто за да ги освежам Божиќните слатки и затоа се решив за една штрудла.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела