Шпански омлет со компири
Еве една поинаква варијанта на омлет.
Лесен, брз и вкусен. Компирите ги лупиме и сецкаме на тенки кругови.
Ги зачинуваме и ги ставаме да се пржат.
Тенки се и затоа веднаш поруменуваат.
Откако сме ги испржиле, во садот го додаваме ситно сецканиот кромид.
Промешуваме.
На страна во друг сад ги матиме јајцата со жица за матење. Наросуваме црн бибер и сол.
Во смесата ги додаваме претходно спржените компири и кромитчето.
Ги промешуваме и целата содржината на садот ја префрламе во тавата која претходно ги пржевме компирите.
(Јас користев тава на Делимано, па не ја намрсив повторно, но ако користите обично тавченце, намрсете пред да ја ставите содржината)
Омлетот ќе се скрчка за секунда.
Оставете малку да зарумени и вадете од тавата.
Се сече на тријаголничиња и се служи.
Како прилог со него оди она што вас ви е вкусно.
Во мојот случај децата посакаа краставица и патлиџан.
На здравје ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови