10
апр
2012
Шпански омлет
Компирите се лупат и се сечат на кругови и се пржат 5 мин. на врел зејтин. Кромидот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Јајцата ги матиме и посолуваме. Испржените компири ги додаваме во садот со изматените јајца и ги ставаме во тава со загреан зејтин и го пржиме омлетот. Го сечиме на 8 дела и го ставаме во чинија за сервирање.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови