20
авг
2015
Шпагети со пилешко
Шпагетите сварете ги во посолена вода, но не целосно.
На малку масло запржете го ситно исечканиот кромид, па додајте го месото кое сте го исекле на ситни коцки. Нека динста десетина минути. Потоа ставете ги доматите на кои им е излупена лушпата и се исечкани не многу ситно.
Додајте ја и пченката, зачинете и сето заедно нека повари пак десетина минути.
Кока шпагетите ќе бидат готови, исцедете ги и веднаш ставете ги во тенџерето со сосот. Нека поварат уште 5 минути.
Одозгора ставете пармезан или рендан кашкавал и исечкан магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови