Шпагети со бел сос од месо, печурки и брокула
Ова е рецепт на мојот сопруг. Овој пат заедно го приготвувавме. Тој многу сака да се плетка во кујна и навистина му лежи. Ама никогаш ништо не запишува, па јас сум тука да ги забележам неговите рецепти, а и да си ги модифицирам по мој ќеиф.
Подготовката е едноставна и брза. Се на се Ви се потребни 45 минути.
Чекор 1
Исецкајте го свинскиот бут, печурките и брокулата на мали парчиња. Свинското месо динстајте го кратко со малку вода и морска сол. Потоа во вок тава со малку маслиново масло се пропржува месото. Се додаваат и печурките малку да се пропржат. Потоа се додаваат неутралната и киселата павлака и сосот се зачинува. Се крчка до згуснување. Во меѓувреме ситно се сецка лукот. При крај се додаваат лукот и брокулата.
Чекор 2
Сварете ги шпагетите во вода во која сте додале малку маслиново масло и морска сол.
Убаво би било свинското месо да го динстате во бело вино.
Вуала! Ручекот е готов.
Лиценца: Сите права се задржани