Шпагети со бел сос од месо, печурки и брокула
Состојки
- пола пакување (250гр) шпагети
- 300 грама свински бут
- 1 китка брокула
- 200 грама свежи шампињони
- 250 милилитри неутрална павлака за готвење
- 100 грама кисела павлака
- 3 - 4 чешниња лук
- по вкус морска сол, мајчина душица, свеж босилек
- малку маслиново масло
- По желба
- по потреба пармезан
Подготовка
Ова е рецепт на мојот сопруг. Овој пат заедно го приготвувавме. Тој многу сака да се плетка во кујна и навистина му лежи. Ама никогаш ништо не запишува, па јас сум тука да ги забележам неговите рецепти, а и да си ги модифицирам по мој ќеиф.
Подготовката е едноставна и брза. Се на се Ви се потребни 45 минути.
Чекор 1
Исецкајте го свинскиот бут, печурките и брокулата на мали парчиња. Свинското месо динстајте го кратко со малку вода и морска сол. Потоа во вок тава со малку маслиново масло се пропржува месото. Се додаваат и печурките малку да се пропржат. Потоа се додаваат неутралната и киселата павлака и сосот се зачинува. Се крчка до згуснување. Во меѓувреме ситно се сецка лукот. При крај се додаваат лукот и брокулата.
Чекор 2
Сварете ги шпагетите во вода во која сте додале малку маслиново масло и морска сол.
Убаво би било свинското месо да го динстате во бело вино.
Вуала! Ручекот е готов.