Стандардно се прават палачинките. Потоа се зема една палачинка и се врти во ролат. Се сечи и се ставаат лентите на чинија.
Сос
Се ставаат смрзнатите малини и шеќерот на тивко да се варат. Не се додава вода туку самите малини ќе пуштат сок. Се варат 3мин .Потоа се додава нишестето измешано со малку вода и се вари како пудинг.
Се ставаат исечканите палачинки како шпагети и се прелеваат со сосот од малинки, а одозгора се ренда бела чоколада.
ПС-Никој не погоди што им сервирав за десерт....сите мислеа дека се јуфки со кечап и сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани