1. Прво се подготвуваат соја трошките според упатството. Се ставаат да отстојат во врела вода со зачини. Јас ставив кари, 1 ловоров лист, сол, мешани тревки (оригано, рузмарин, босилек и сл.). Може да се стави и вмешан сув зачин. Откако ќе омекнат убаво се цеди водата.
2. Се ставаат да се варат шпагетите во посолена вода.
3. Се сецка кромидот на поситно, се сецкаат и чешнињата лук и се ставаат во малку вода да се издинстаат додека не омекнат.
3. Откако ќе омекне кромидот се ставаат соја трошките, доматниот сос и зачините, сол, црн бибер, кари и оригано. Се вари десеттина минути.
4. Се ставаат шпагетите во сосот на тивок оган уште неколку минути, за да се измеша убаво.

*Јас не ги сакам многу течни и користам половина литар доматен сос. Ако сакате повеќе доматен сос, ставете 750 мл или 1 литар.
*Рецептот е посен без масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови