11
јан
2022
Шишарки колачи
Подготовка:
1. Зовријте ги шеќерот и водата. Намалете ја температурата и додадете го маргаринот и какаото.
Откако ќе се соединат, тргнете од рингла и додадете ја кората од портокал и шеќерот.
2. По неколку минути, кога малку ќе подолади, додадете ги оревите и бисквитите. Доколку има потреба за цврстина, додадете дополнително од бисквитите или оревите.
3. Оставете смесата да олади, па формирајте конусни облици. Ставете ги во замрзнувач, да се стегнат на 15на минути и потоа редете ги со чоколаден корнфлекс.
4. Послужете ги попрскани со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани