Шехерезада торта
Како кај нас не можи да се најдат тие фамозни бисквити со чоко полнеж за оваа торта, јас решив да ја направам во импровизирана верзија додека некогаш стасаме и до нив.
Шеќерот се става во суво тенџере и се загрева да се карамелизира.
Во дел од млекото и 1 лажица шеќер ги раствораме прашоците за пудинг, а остатокот го истураме во карамелизираниот шеќер.
Вариме на средна, па и пониска температура и често мешаме за да се стопи карамелизираниот шеќер и да се соедини со млекото.
Го додаваме растворениот прашак за пудинг и вариме крем.
Кремот го покриваме со стреч фолија и оставаме да излади комплетно.
Потоа го миксираме и го додаваме омекнатиот маргарин, па миксираме да се соедини во мазен крем.
Во сад на страна го матиме шлагот.
Кремот и шлагот ги делиме на 4 дела , од кои од шлагот едниот, последниот дел го оставаме малку повеќе за да се премачка целата торта.
На рамна подлога редиме ред бисквити кои ги премачкуваме со тенок слој омекната Нутела или некој друг чоколаден крем.
Над нив премачкуваме од карамел кремот, па над него слој шлаг.
Постапката се повторува со вкупно 4 реда бисквити.
Тортата ја оставаме преку ноќ да се соединат слоевите и омекнат бисквитите, па наредниот ден ја украсуваме по желба и ја сечиме на посакуваните парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
За десертов да кажам дека е помој вкус.Нежен вкус јас викам кога многу не ме убива благото.Оваа комбинација на бисквит, крем и млеко ја обожавам.
Во омилени
Многу сакам вакви лесни торти за правење а уште полесни за јадење, оваа ми е на список за наредна торта :D
Ima i video zapis na stranava, so mali izmeni
Ja podgotvuvav vo studioto na Mr
Vo momentov i jas Nemam, ne sum bila za Srbija odamna
Amaaaa izgleda ke pocekame
да сме здрави и живи пред се, другото ќе си дојди кога тогаш ;)