Оваа крема освен што е идеална за декорација на торти и мафини, исто така може да се користи како крем за филување на торти, со додавање на додатоци по вкус (растопено, па оладено бело или црно чоколадо, ореви, лешници, крем бананчиња, ресани, орео колачиња, едноставно што и да посакате по ваш вкус).

Подготовка
1. Белките и шеќерот ги ставаме во сад и ги разматуваме со рачна маталка (30-на секунди). Потоа ги ставаме врз друг сад со вода, внимавајќи водата да не допира до садот со белките. Готвиме се додека не се растопи целосно шеќерот со постојано мешање со рачна маталка. Доколку имате кујнски термометар, готово е кога белките ќе достигнат температура од 70 степени, а доколку немате тогаш се одредува тој момент отприлика, односно зимаме со прстите од смесата, и ако не се чувствуваат кристалите шеќер, а смесата е топла, тогаш е готово.
2. Сега оваа смеса ја префрламе во друг сад и миксираме на најјаката брзина (околу 10 минути) и ќе добиеме густ бел крем, како за кајмаци.
3. Сега го додаваме путерот (лажица по лажица) без притоа да прекинуваме со миксирањето.Кога ќе ја додадеме целате количина на путер, ја додаваме и аромата, па миксираме уште 5 минути. Доколку по страните на садот има распрскано од путерот, соберете го со лажица и додајте го кон кремата.
4. Готовата крема ја оставаме кратко (10-15 минути) во фрижидер, па може да се декорира со неа.

Забелешка - Соодносот на состојките е следен - 1 Белка, 40 гр Шеќер, 50 гр Путер, плус арома по вкус.
Оваа крема ја правам првпат, идеална е за декорација, и по желба може и да се додаде боја во прав или гел. Според мене многу е поедноставна неговата припрема со робот миксер, отколку со рачен миксер, освен поради неговата јачина, истотака и поради тоа што треба непрекинато да се миксира цело време.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани