Убаво се матат јајцата со шеќерот. Со намалена брзина на миксерот се содаваат течните состојки, па сувите.

На крај со лажица се мешаат шеќерните трошки, најбрзо и најкратко што можите за да не се растопат многу во масата.

Се печат во апаратче за крофнички.

Се топи чоколадната табла со вкус на јаготки со додавање на масло да ја направи смесата фино густа. Во неа се макаат крофничките и потоа одозгора се посипуваат со шарени перли.

*Можите ли да им го замислите изгледот на децата кога ќе ги загризат и го здогледаат шаренилото во нив? Неодоливо, прекрасно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови