Испечати

Шарени крофнички (апарат за крофни)

Шарени крофнички (апарат за крофни)

Состојки

  • 2 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 100 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 16 лажици брашно
  • 1 пакетче шарени шеќерни трошки
  • 100 гр чоколадна табла со вкус на јаготка
  • по потреба масло
  • по потреба шарени перли

Подготовка

Убаво се матат јајцата со шеќерот. Со намалена брзина на миксерот се содаваат течните состојки, па сувите.

На крај со лажица се мешаат шеќерните трошки, најбрзо и најкратко што можите за да не се растопат многу во масата.

Се печат во апаратче за крофнички.

Се топи чоколадната табла со вкус на јаготки со додавање на масло да ја направи смесата фино густа. Во неа се макаат крофничките и потоа одозгора се посипуваат со шарени перли.

*Можите ли да им го замислите изгледот на децата кога ќе ги загризат и го здогледаат шаренилото во нив? Неодоливо, прекрасно!