![Шарени бомбици](https://moirecepti.mk/content/uploads/2022/01/271902120_1558659161158409_2950009296029514246_n-b1ad0b-800x480.jpg)
24
јан
2022
Шарени бомбици
Едноставни,брзи бомбици кои се топат во устата.
Подготовка:
1. Во тенџере се става маргаринот и чоколадата да се топи на тивко. Кога ќе се растопат двете смеси се додава хоплата - течна не матена. Се меша.
2. Се трга од ринглата и се додаваат сечканите брусници и оревите и се остава да олади.
3. Кога ќе олади смесата, се формираат бомбици и се валкаат во шеќер во прав, какао, мак, ореви сечкани, кокос. Може и да се остават така. Ептен се брзи и вкусни. Може да ги правите и со црно чоколадо и рендана кора од портокал. И двете комбинации ми се супер.
Лиценца: Сите права се задржани