Испечати

Шарени бомбици

Шарени бомбици

Состојки

  • 400 гр бело чоколадо
  • 4 лажици маргарин
  • 4 лажици хопла
  • 100 гр сува брусница
  • 100 гр мелени и сечкани ореви
  • по потреба какао,мак,шеќер во прав,мелени ореви .....

Подготовка

Едноставни,брзи бомбици кои се топат во устата.

Подготовка:

1. Во тенџере се става маргаринот и чоколадата да се топи на тивко. Кога ќе се растопат двете смеси се додава хоплата - течна не матена. Се меша.
2. Се трга од ринглата и се додаваат сечканите брусници и оревите и се остава да олади.
3. Кога ќе олади смесата, се формираат бомбици и се валкаат во шеќер во прав, какао, мак, ореви сечкани, кокос. Може и да се остават така. Ептен се брзи и вкусни. Може да ги правите и со црно чоколадо и рендана кора од портокал. И двете комбинации ми се супер.