Шарени crunch кошнички
Сусамот и ситно сецканите или крупно мелени лешници ставете ги во сув огноотпорен сад на рингла да се потпечат, при тоа постојано мешајќи.
Додадете го на коцки искршено чоколадото, маргаринот и медот. Мешајте додека состојките се спојат, па тргнете го садот од оган.
Во поголем пластичен сад истурете ги кранч житарките. Јас користев црно-бели од ванила и чоколадо и црвени со вкус на јагода (можи да се користат и други слични, т.е. ситно топчести житарки). Измешајте ги. Потоа прелијте ги со припремената содржина и убаво измешајте со лажица секое зрнце да се облепи.
Со лажица полнете хартиени корпиња и оставете да се здрви.
Јас дел наполнив во корнети, дел во поголеми корпиња и дел во помали, а дел потоа се изеде директно од садот (за проба хехехе) така да, не ме прашувајте колку излегуваат од оваа доза. Направете си, па издржете да не сркате како нас и потоа известете не, фала -))))
*Рецептот е осмислен спрема вкусот на моите конзументи
Лиценца: Сите права се задржани