Шарен колач
Овој рецепт го најдов во постар готвач во издание на просветена жена со наслов „Сладок готвач„.
Пенесто изматете 2 лажици масло или маргарин, додајте ги шеќерот и 2 жолчки и продолжете го матењето. Исцедете сок од половина лимон и прашокот за пециво. Ги матите 2 белки и ги додавате.Го додавате и брашното малку по малку.Тестото поделете го на два еднакви дела, па во едната половина додајте изрендано чоколадо. Во подмачкан плех посипан со брашно ставајте една лажица од жолтото, една лажица од кафеното тесто (служете се со две лажици). Смесата ставете ја во добро загреана рерна на 200 степени. Времето за печење зависи од јачината на вашата рерна, проверувајте со чепкалка да не се лепи тестото. Јас оваа доза ја печев во плех бр.24.Колачот ни се допадна, тестото е вкусно, крцкаво и се топи во уста. Затоа нареден пат ќе го правам дупла доза. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
izgleda katastrofalno ,kako da e praveno bez merak.Sekako ne e ni za 5 ni za 4 ama prelazna ocenka ima i od mene samo zaradi vkusot ( se tesi samata)