Чудо торта
Оваа торта го носи ова име бидејќи јас првин го направив само првото тесто и филот ( тоа е стандардната Васина торта ), но откако ја направив заклучив дека не сакам толку ниска торта да имам =)) иако прв пат не ја правам овој пат не сакав да приложам ниска торта, па затоа веднаш смислив нов рецепт и резултатот беше одличен.
1. 1 тесто- јајцата се бијат со шеќерот, се додаваат оревите, брашното и пецивото. Мешаме со лажица. Се печи во караванче бр. 28, на 180 степени 15 минути.
2. 2 тесто- белките ги бијаме со шеќерот, ги додаваме сецканите ореви, брашното, маслото и пецивото. Мешаме со лажица. Печиме во караванче бр. 28, на 150 степени 15 минути.
3. Фил- на пареа ги биеме жолчките со 4 лажици шеќер и ги оставаме малку да се изладат.
4. Млекото го вариме со чоколадото. Ги додаваме оревите и оставаме да се излади.
5. Маргаринот го биеме со 150 гр шеќер во прав. Ги додаваме избиените жилчки и смесата со оревите. Биеме додека не добијаме хомогена смеса.
6. Првото тесто го мачкаме со половина од еурокремот. Врз него ставаме половина од филот. Го стаавме и второто тесто, ја повторуваме постапката исто како и врз првото тесто, еурокрем па фил.
7. Украсуваме со чоколаден шлаг.
Лиценца: Сите права се задржани
Ubava torta:)