2
дек
2020
Чорба со мелено месо
Одлична и превкусна чорба.
Прво на маслото на тивок оган го пржиме брашното се додека почне да ја менува бојата.(неколку минути )
Во прженото брашно го додаваме месото и пак многу кратко пропржуваме(не повеќе од минута)Го додаваме сецканиот компир,морков и грашокот.
Додаваме топла вода и коцката за супа и посолуваме со сол и бибер според вкусот.Додаваме ситно сецкано лукче и оставаме чорбата на тивок оган да вари околу 40 минути.Сервираме топла.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови