Чоколадо во тесто, чоколадо во кремот и чоколаден прелив во составот на овие тортици треба да ви биде доволна препорака за да го пробате овој прекрасен рецепт. Тестото е меко и ровко па заедно со филот и глазурата едноставно се топи во уста. За љубителите на чоколадо вистинско задоволство.

Подготовка
1. Жолчките и шеќерите ги матиме пенасто. Белките ги матиме во снег од белки.
2. Сувите состојки ги мешаме па ги додаваме заедно со млекото во жолчките па на крај лесно со шпатула ги соединуваме белките во смесата.
3. Во четвртаста тава за печење со димензии 20х30 или слична димензија, ставаме хартија за печење и смесата ја делиме на три дела. Секој дел го печеме посебно на нова хартија за печење, на температура од 180 степени само 8-10 минути во загреана рерна.
Додека тестото се пече го подготвуваме чоколадниот крем.
4. Слатката павлака ја ставаме на оган до вриење (да не врие), па во неа го додаваме чоколадото да се растопи. Мешаме додека да добиеме мазна смеса која ќе ја оставиме да олади.
5. Потоа додаваме сок од портокал, кората и рум и мешаме со миксер да се соедини и волуменизира смесата.
6. Кремот го делиме на два дела и премачкуваме две кори кои ги редиме една врз друга, значи кора-крем-кора-крем-кора-глазура.
7. За глазурата ја топиме чоколадата заедно со путерот и со добиената смеса ја премачкуваме тортата. Додека не е стегната глазурата поминуваме нежно со вилушка по неа за да добиеме шарки на тортиците.
Оставаме да се излади и соедини и сечеме тортици по големина и желба.

Забелешка
Во овие тортици бидејќи немав портокал во моментот на подготовка па малку импровизирав. Имено, наместо сок од портокал ставив сок од лимон во кој измешав мелени аранчини, со што добив вкус на портокал =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани