Посни и вкусни колачиња, без печење... Брзи за правење.

1. Меденото срце се сецка, се додаваат мелените бисквити и ореви, го додаваме и шеќерот во прав. На крај додаваме постепено сок од портокал, замесуваме смеса која ја ставаме помеѓу 2 листа мрсна хартија (за печење) и со помош на оклагија расукуваме кора.
2. Со модла во форма на срце ги вадиме колачињата, кои ги чоколадираме (чоколадото го топиме заедно со маслото на пареа) и декорираме по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани