Испечати

Чоколадни Срца (посно, без печење)

Чоколадни Срца (посно, без печење)

Состојки

  • 250гр Медено срце (сецкано)
  • 200гр Бисквити (посни) мелени
  • 200гр Ореви (мелени)
  • 4г.л. Шеќер во прав
  • околу 120мл сок ок цеден портокал
  • за глазура - 200гр чоколадо за готвење (+6г.л.масло)
  • за декорација - кокос, чоколадни капки, шарени мрвици...

Подготовка

Посни и вкусни колачиња, без печење... Брзи за правење.

1. Меденото срце се сецка, се додаваат мелените бисквити и ореви, го додаваме и шеќерот во прав. На крај додаваме постепено сок од портокал, замесуваме смеса која ја ставаме помеѓу 2 листа мрсна хартија (за печење) и со помош на оклагија расукуваме кора.
2. Со модла во форма на срце ги вадиме колачињата, кои ги чоколадираме (чоколадото го топиме заедно со маслото на пареа) и декорираме по желба.

На здравје!