Прво го растопуваме путерот на тивок оган и го оставаме да се излади.
Во вангличка ги ставаме јајцата, ванилата, шеќрот и матиме смесата да побели.
Во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото, содата и какаото.
Ова го додаваме кај изматените јајца, како и киселата павлака , јогуртот и растопениот путер.
Убаво со шпатула ја изедначчуваме смесата.
Ја ставаме во 12 калчапи за мафини.
Печиме на 180 соколу 25 минути.
Испечените мафини ги оставаме малку да изладат па ги прелеваме со подготвениот ганаш, за кој на тивок оган сне ја загреале павлката, па сме додале искршено црно, квалитено чоколадо и убаво сме соединиле.
Декорираме со шарени трошки и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани