Од оваа мера излегуваат 12 мафини.
Постапката е следна
Прво со миксер се матат путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Едно по едно се додаваат јајцата и се продолжува со матење.
Потоа се додава млекото и на крај сувите состојки и ренданото чоколадо.
Мафините се печат во калап за мафини во кој претходно сте ставиле хартиени корпи. Корпите со полнат две третини со смесата.
Се печат на 180 степени околу 25 минути, а нај добро е да проверете со чепкалка дали се печени.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови