9
апр
2021
Чоколадни корпи
Подготовка:
1. Во два мали плaстични сада ставаме вода. Ги ставаме во замрзнувач, да замрзнe водата.
2. После 2-3 часа, на тивок оган, го растопуваме чоколадото и ги вадиме садовите со мраз. Ги превртуваме на работната маса. Растопеното чоколадо го ставаме во кесе, правиме отвор и формираме шари по мразот. За 2-3 минути чоколадото ќе се стегне.
3. Внимателно ги вадиме чоколадните кошнички, ги полниме со сезонско овошје и сервираме
Лиценца: Сите права се задржани