Преубави чоко колачиња, што се топат во уста и многу личат на целуфките, што сите ги сакаме и знаеме.

1. Измешајте ги какаото и шеќерот во прав, па додајте ги белките. Измешајте убаво со маталка, не со миксер.
2. Кога ќе добиете убава чоко смеса, додадете го чоколадото исецкано на ситно. Измешајте убаво уште еднаш, па од готовата смеса со лажица вадете и ставајте на обложен плех со пек хартија на одредена оддалеченост.
3. Колачите се печат 8 до 10 минути во загреана рерна на 160 степени. Кога се печени ќе се распукаат и ќе нараснат.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови