Чоколадна торта со прелив од вишни (роденденска)
За корите (печиме три вакви кори)
- Белките се матат со малку сол и кога ќе се добие густа пена им се додава постепено шеќерот. Во убаво изматените белки се додаваат, гризот, презлата, брашното и пецивото и од филот.
Убаво се меша со дрвена лажица и тесто се истура во правоаголно тавче со димензии 30*40 обложено со хартија.Печиме на 180 степени околу 20 минути.
Истото го правиме три пати, значи три теста печиме.
За филот ги биеме жолчките со 100гр.шеќер во прав на пареа додека добиме убава густина.
Во друг сад настрана го ставаме млекото, ванилите, какаото и убаво мешаме да нема грутчиња од какаото. Потоа го додаваме и чоколадото и кога сите состојки убаво ќе се стопат постепено ги додаваме и жолчките и биеме на пареа.
Биеме се додека не добиеме убав густ крем и потоа го тргаме на страна да се излади.
Во подлабок сад го биеме путерот со 150гр.шеќер во прав и потоа го додаваме во филот.
Убаво миксираме.
Филовање
Паниспања,еден слој фил,прелив од вишни,фил,паниспања фил,прелив,фил и последната паниспања.Цела торта се премачкува со малку фил и се обложува со фонданот.
Локумот убаво се меси со шеќерот во прав додека не добиеме тесто што ќе можиме да го сучиме.
Преливот од вишни го купив,а можи слободно да ставите и слатко од вишни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови